ЕУ позитивно гледа на посетата на бугарскиот премиер во Скопје
Висок дипломатски извор во ЕУ потврди дека новиот импулс во односите помеѓу Бугарија и Македонија после посетата на бугарскиот премиер е добар знак за почетокот на преговори со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Дипломатски извор од француското претседателство денеска потврди за МИА дека посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков во Скопје оваа недела претставува отворање помеѓу двете страни.
-Не сакам да зборам на место на лидерите, но гледаме отворање, ние како претседателство бараме конкретизација за да можеме да ги отвориме преговорите за членство, не само со Македонија туку и со Албанија штом условите се исполнети, објасни овој висок дипломат во Брисел.
Во вторник во Брисел ќе се одржи редовниот Совет за општи работи на ЕУ каде ќе се состанат министрите за европски прашања на ЕУ. Проширувањето нема да биде на дневен ред, потврди француското претседателство, кое претседава со состанокот. Но министрите се слободни да го покренат прашањето за проширувањето или за Македонија доколку сметаат дека е потребно.
Франција нагласува и дека останува на располагање на двете страни да им помогне да го надминат спорот и да изнајдат решение.
-Од почеток рековме дека ќе поттикнеме изнаоѓање на решение помеѓу Бугарија и Република Македонија, рече француски дипломат за МИА.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес