ЕУ, НАТО и ОН го поздравија спроведувањето на договорот за извоз на жито од Украина
Европската унија, НАТО и ОН го поздравија спроведувањето на договорот за извоз на украинско жито, откако првиот брод рано утрото исплови од Одеса.
Првиот брод со жито исплови од украинското пристаниште Одеса, според претходно постигнатиот договор за безбеден премин, соопшти украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков. Европската унија го поздрави заминувањето на првиот брод и побара „целосна имплементација“ на договорот постигнат во Истанбул за повторен извоз од Украина, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
– Ова е прва многу важна и добредојдена фаза и со нетрпение очекуваме да се имплементира целокупниот договор и да продолжи извозот од Украина на клиенти ширум светот кои се погодени од кризата со храна предизвикана од руската блокада на украинските пристаништа, рече Петер Стано. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и се заблагодари на Турција што одигра „централна улога“ во постигнувањето договор за извоз на жито.
– Сојузниците во НАТО цврсто го поддржуваат интегралното спроведување на договорот, чија цел е да се намали глобалната криза со храна предизвикана од руската војна во Украина, нагласи тој во порака на Твитер. Бродот „Разони“ под знамето на Сиера Леоне е натоварен со 26.000 тони пченка и плови кон Либан.
Утре се очекува да биде во Истанбул, каде треба да помине инспекција на Заедничкиот координативен центар. – Либан зависи од извозот на жито од Украина и е една од најпогодените земји од кризата со храна, рече Стано.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе