ЕУ ќе и додели на Турција 400 милиони евра за санација на последиците од ланските земјотреси

Европската комисија и Турција потпишаа договор со кој преку Фондот за солидарност на Европската Унија (ЕУСФ) на Анкара ќе и биде доделен грант во износ од 400 милиони евра наменети за финансирање на проекти за обнова и санација по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на почетокот на минатата година.
– Оваа катастрофа, една од најлошите во историјата на земјата, не шокираше сите додека ги гледавме разурнувачките ефекти што таа ги имаше врз турскиот народ.
Низ Европа имаше излив на сочувство за изгубените животи и уништените домови, изјави еврокомесарката за кохезија и реформи Елиса Фереира, која го потпиша договорот заедно со турскиот заменик министер за надворешни работи Мехмет Кемал Бозај.
Таа нагласи дека ова е првпат Турција да добие помош од Фондот за солидарност на ЕУ, но во исто време тоа е и најголема сума што досега и е доделена на една земја кандидат за членство во Унијата преку овој инструмент на блокот од неговото формирање во 2002 година.
– Кога е потребна поддршка, Европа реагира. Не само за нејзините земји членки, туку и за нејзините соседи. ЕУСФ се залага за солидарност со земјите и луѓето, додаде Фереира.
Оваа сума од 400 милиони евра е дел од поддршката за Турција во вкупен износ од една милијарда евра што ЕУ ја најави лани во март на Меѓународната донаторска конференција, чии кодомаќини беа Европската комисија и тогашното шведското претседателство со ЕУ и на која беше ветена помош за санирање на последиците од земјотресите во Турција и Сирија во вкупен износ од седум милијарди евра.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
