Радев-Ковачевски: Зголемена доверба меѓу Софија и Скопје за олеснување на нерешените политички прашања
Бугарскиот претседател Румен Радев пред премиерот Димитар Ковачевски изрази очекување за зголемена доверба меѓу Софија и Скопје за да се олесни работата за нерешените политички прашања, кои го попречуваат почетокот на преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, соопшти кабинетот на Радев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со работата по прашањата за економската соработка, културата и образованието, претседателот Радев очекува Софија и Скопје да обрнат внимание на нерешените политички прашања меѓу двете земји.
По средбата во четири очи со премиерот Ковачевски, Радев, како што соопшти неговиот кабинет, постави прашање за правата на граѓаните од Северна Македонија со бугарска самосвест и нивното впишување во Уставот на земјата.
Според Радев впишувањето на македонските Бугари во Уставот на Северна Македонија, гарантирањето на нивната рамноправност, со другите народи во земјата, ќе даде поттик и можност Бугарија да ја отвори вратата за почетокот на преговорите за членство.
– Заедно со тие механизми, кои ги разгледувавме и претходно во пакетот 5+1, веќе 4+1, ќе имаме неповратност и јасни механизми, кои ќе гарантираат и отстранување на јазикот на омраза од двете страни, истакна Радев.
Премиерот Ковачевски, се осврна на новата динамика на работа на двете земји.
– Ако успееме да ги решиме, а успеваме да ги решаваме, како економските, така и другите проблеми од реалниот живот, ние ќе ги надминеме политичките проблеми, а вие знаете, дека јас лично се залагам за еднакви права и еднакви можности за сите граѓани на Република Северна Македонија, нагласи Ковачевски.
Радев, како што соопши неговиот кабинет, се надева дека ќе има временска рамка со краткорочни задачи кои Скопје и Софија треба да ги решат пред земјата да ни даде „зелено светло“ за почеток на прегови меѓу Скопје и Брисел
Ново на Сител
-
Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници
-
Макрон: Само украинскиот претседател Зеленски може да преговара за мир за неговата земја
-
Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна
-
Облачно со повремен локален дожд во југозападните делови
-
Состојба на патишта
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина