Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија
Естонија викендов привремено ќе го затвори својот контролен пункт со Русија во Нарва, јави ДПА.
Полицијата и граничните служби се залагаат за затворање на граничниот премин со образложение дека граничните проверки на руска страна значително се одложуваат.
Поради тоа, луѓето кои сакаа да ја поминат границата мораа да чекаат со часови завчера и вчера за да бидат пропуштени.
Останатите контролни пунктови нема да бидат затворени, а влезот во Естонија од Русија ќе остане можен, јави ДПА.
Според естонските власти, пред некој ден на граничниот премин Нарва-Ивангород за прв пат се формирале долги редици. Снимките на интернет покажаа стотици луѓе, некои со багаж, кои чекаат на границата. Градската управа на Нарва постави мобилни тоалети и организираше дистрибуција на вода за оние кои чекаат.
Естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс изјави дека нема информации зошто руските граничари работат толку бавно.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот