Ериксен беше успешно опериран, кариерата завршена
На крајот се испадна добро, но тоа значи и крај на кариерата, и тоа само на 29 години. Кристијан Ериксен никогаш веќе нема да заигра професионален фудбал.
Откако Данецот ја исплаши целата планета кога падна на теренот за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска во првото коло на Еврото, сега ситуацијата се подобрува.
Засега е јасно дека тој нема да може да игра фудбал, но се наведува дека ќе може да води нормален живот. Некои од неговите соиграчи како Дејли Блинд имаа слични проблеми во кариерата, но тие продолжија да играат фудбал. Блинд двапати колабираше на теренот, но сепак игра за Ајакс. Сепак, состојбата на Ериксен е посериозна.
Во Италија нема да може да игра поради строгите здравствени контроли врз играчите, правилата се многу рестриктивни за играчи кои имаат вакви проблеми.
Ново на Сител
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење