Ердоган најави предвремени избори во Турција на 14 мај
Во Турција на 14 мај ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, соопшти вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Датумот на изборите ќе стане официјален кога врховната изборна власт во земјата ќе ја одобри одлуката на Ердоган.
Се очекува органот да го потврди датумот набргу по објавувањето на претседателскиот декрет во Службен весник во сабота, пренесе ДПА.
- Нека оваа одлука е од корист за нашата земја и нашиот народ, рече Ердоган во телевизиската изјава од претседателската палата во Анкара.
Изборите првично беа закажани за 18 јуни. Ердоган ги наведе аџилакот, училишните празници и приемните испити на универзитетите кои се совпаѓаа во средината на јуни, меѓу главните причини за поместување на гласањето.
Турските медиуми шпекулираа дека изборите можеби ќе се одложат поради разорниот земјотрес кој пред еден месец го погоди југоисточниот дел на земјата.
Во катастрофата загинаа повеќе од 46.000 луѓе и раселени се речиси четири милиони луѓе во 11 турски провинции.
Илјадници луѓе загинаа и во соседна Сирија.
Ново на Сител
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители
-
Царинска управа: Соработката со деловната заедница подразбира континуитет и посветеност
-
До Центар за јавно здравје Куманово пристигнала една пријава за заболен ученик од шуга, преземени сите мерки во училиштето
-
Вработен во транзитниот центар Табановце бил нападнат од мигрант
-
Пораст на заболени од шуга минатата година во споредба со 2023 година
-
Голтнал ќесичка кокаин при претрес, 32-годишен Охриѓанец инто пренесен во болница