Ердоган го ратификуваше предлог-законот за уставни измени
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го ратификуваше предлог-законот за уставни измени, што го отвораат патот за одржување на референдум во април, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен-Турк“.
Турскиот парламент на 21 јануари одобри пакет-амандмани, што ако биде усвоен на сенородното гласање напролет, ќе доведе до драматични промени во политичкиот систем на Турција.
Пакетот, што вкупно содржи 18 членови, „ќе стави во рацете“ на претседателот широки извршни овластувања.
Откако текстот ќе биде објавен во турскиот Службен весник, ќе започне да тече 60-дневниот рок.
Во првиот ден - недела по истекувањето на рокот, ќе се одржи референдумот за промените.
Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека референдумот веројатно ќе се одржи на 16 април.
- Верувам дека (реформите) ќе добијат голем број гласови и ние ќе се придвижиме кон подобар модел на управување, нагласи Куртулмуш.
Пакетот за уставни промени беше одобрен со гласовите на крајнодесничарската Партија на националистичко движење на Девлет Бахчели.
Другите две опозициски сили се против промените, стравувајќи дека тие ќе дадат премногу моќ во рацете на претседателот и ќе го нарушат принципот за поделба на власта.
Претседателот Ердоган ја заштитува тезата дека реформите ќе доведат до силно лидерство, што е неопходно за да се спречи враќањето на власта на нестабилните коалициски Влади од минатото.
Кампањата „за“ и „против“ промените започнува во услови кога поддржувачите на реформите имаат предност.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат