Ердоган го потпиша законот за ратификација на договорот со Русија за изградба на „Турски поток“
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го потпиша законот за ратификација на договорот со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“, пренесе ТАСС.
На овој начин Турција во целина го ратификува договорот.
Пред да отпатува во официјална посета на Русија, турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера потсети дека Парламентот на неговата земја го одобри законот за ратификација на договорот минатата недела.
- Сега очекуваме рускиот Парламент да го стори истото, рече Јилдерим.
Проектот „Турски поток“ беше претставен од руското државно раководство во декември 2014 година како замена за напуштениот проект „Јужен поток“, потсети ТАСС.
Планирано беше морскиот дел од гасоводот да се состои од четири цевки, од кои секоја со годишен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас.
На крајот, преговорите со Турција за овој проект беа напуштени заради кризата во билатералните односи, настаната по соборувањето на рускиот бомбардер од страна на турските ловци во регионот на сириско-турската граница.
На преговорите во август во Санкт Петербург меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, беше одлучено да се обнови работата врз проектот „Турски поток“.
Според проектот, гасоводот ќе минува по дното на Црно Море до европскиот дел на Турција и границата со Грција. Должината на морската отсечка ќе изнесува околу 910 километри, а на копнената отсечка 180 километри. Проектот е проценет на 11,4 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот