Ердоган бара нови избори во Истанбул
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара победата на опозицијата на локалните избори во Истанбул да биде прогласена за ништовна. Шефот на државата побара повторно гласање во турскиот мегаполис, што дополнително го зголеми притисокот врз Врховната изборна комисија во земјата.
-Сосема е јасно дека има неправилности и корупција, рече Ердоган на бизнис форум во Истанбул. – Ако Врховната изборна комисија може да ги отстрани сите сомнежи, тоа ќе ја олесни совеста на нашите граѓани, истакна турскиот претседател.
Се очекува Врховната изборна комисија да се состане в понеделник со цел да се разгледа барањето на владејачката Партија на правдата и развојот да ги поништи резултатите од изборите што се одржаа на 31 март. На гласањето за градоначалник на Истанбул победи главниот опозициски кандидат Екрем Имамуглу, но со малку гласови предност.
Делумни пребројувања на гласовите беа спроведени и во Анкара и во Истанбул, но со тоа беа само потврдени претходните резултати.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден