ЕПП донесе конечна одлука, суспензија за партијата на Орбан
Претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, на својот твитер профил објави дека групацијата гласала за членството на Фидес во рамките на својата група.
Одлуката е донесена по долги часови партиски преговори и натегања помеѓу сите партии членки на Европската Народна Партија.
За потсетување, ЕПП веќе некое време најавува дека ќе гласа за членството на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, внатре во својата организација.
Фидес ќе биде суспендирана веднаш и на неодредено време, по денешното гласање на членките на ЕПП, 190 гласа „за“ и три „против“, напиша Дол.
Тој прецизираше дека суспензијата значи дека Фидес, партијата на унгарскиот премиер, нема да може повеќе да присуствува на партиските средби, нема да има право на глас ниту да предлага кандидати за функции.
Со ова, партијата на Орбан е суспендирана од главната конзервативна група во ЕУ и нејзините институции.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората