„Епл“ нуди 200.000 долари за откривање на нејзини безбедносни пропусти

Американската компанија „Епл“ понуди награда од 200.000 доалри за оној кој ќе пронајде грешка во делот на софтверот кој спечува да се покренат несакани програми или драјвери при подигањето на оперативниот систем.
Како што јави „Гардијан“, понудата за пронаоѓање грешка во пет одредени категории, компанијата „Епл“ ја испратила до „група експерти“, кои и претходно соработувале со неа во откривањето на безбедносни пропусти, но не биле платени за тоа, што сугерира дека најверојатно станува збор за хакери.
Аналитичарот за безбедност на „Епл“, Рик Могул обајсни дека помалиот број учесници во тестирањето за безбедноста на системот, ќе и овозможи на „Епл“ да не мора да се справува со голем број извештаи за „безначајни грешки“.
Слична понуда за пронаоѓање пропсти веќе понудија и други компаниии, како АТТ, „Фејсбук“, „Гугл“ и „Мајкрософт“.
Така, во март годинава „Фејсбук“ му исплати 10.000 долари на десетгодишно момче од Финска, кое пропуст кој овозможуваше бришење на коментари на корисниците на Инстаграм.
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
