Loading Video...
Кошарка
16. August 2019 - 19:10

ЕП У-16: Вечерва против Словенија продолжува битката за 9. место

На ЕП за кошаркари до 16 години вечерва нов предизвик за македонската репрезентација која се бори за пласман на 9. Место.  Противник селекцијата на Словенија против која се очекува уште едно добро издание на избраниците на селекторот Дервишевиќ.

                Македонија ја заврши најважната работа , избори опстанок во А- дивизијата со пласманот меѓу 13-те најдобри селекции на стариот континент. Сега останува да се оствари уште некоја победа за зголемување на самодовербата за идните настапи.

                Во оваа група на репрезентации кои разигруваат за подобар пласман се  покрај Македонија – Словенија уште и  Литванија и Израел.  Сите четири селекции ќе се борат за 9. Место, натпревар во кој  ќе играат победниците од вечерашните дуели.

                Натпреварот со Словенија е вечерва во 21ч.

                Лош ден имаа нашите кадетки на стартото од ЕП во Б-дивизијата во Софија.  Загубија убедливо со 77 поени разлика од селекцита на Холандија еден од главните фаворити за пласман во А- дивизијата.

                Следниот натпревар го играме утре со домашната селекција на Бугарија.