Loading Video...
Кошарка
13. August 2019 - 19:49

ЕП У-16: Убедлив пораз од Русија, следува битка за опстанок

Младите македонски кошаркари попладнево го одиграа најслабиот меч на ЕП до 16 год. Во италијанскиот град Удине и загубија убедливо со 70-45  од репрезентацијата на Русија.

                За разлика од претходните три средба во групната фаза овојпат наидовме на цврст противник кој одлично играше во одбраната и дозволи Македонија во вкупно 3 четвртини да постигне само 25 поени.  Покрај цврстата одбрана на Русија никако не профунционира  ударот од далечина па од 20 обиди реализиравме само две тројки.

            Противникот играше течно а беше доминантен и во скок играта наспроти нашето задржување на топката на бековските позиции и шутирање од неизградени позиции.  Митревски со 14 поени беше најдобриот поединец во нашиот тим.

            Заслужен пораз од 70-45 со што Македонија ќе се бори за опстанок во елитата со селекцијата на БиХ. Победа ќе ни донесе разигрување за пласман од 9-12 место во спротивно ќе следи битка за 13 позиција која е последната надеж и на следното ЕП да играме во А-дивизијата.