Ракомет
25. January 2016 - 22:03

ЕП Полска 2016: Домаќинот се врати на победите

По поразот во претходното коло домаќинот на ЕП Полска се врати на победите и вечерва во последниот дуел од денешната програма ја совлада Белорусија со 32: 27 (19:13). За пласман во полуфиналето на Полска во последното коло во среда ќе и биде потребна победа над Хрватска, а Франција да ја совлада Норвешка.

Инаку на дуелот со Белорусија Михал Јурецки со 9 голови од 11 обиди беше најефикасен.
На првиот натпревар одигран денеска во групата 1 Македонија и Норвешка одиграа нерешено 31:31.
Табела: Норвешка 7 бодови, Франција 6, Полска 6, Хрватска 4, Македонија 1, Белорусија 0.
 
Утре во групата 1 е слободен ден, а се играат натпреварите од групата 2: Шведска - Данска и Шпанија - Унгарија.
 
Од Краков, Марјан Ников