Loading Video...
Спорт плус
9. September 2021 - 19:53

ЕП Одбојка: Настап под очекувањата во Финска

На ЕП во одбојка по вчерашниот пораз од Русија заврши настапот на нашата репрезентација. Ако е за утеха послаба од нас на шампионатот е Црна Гора која не успеа да освои ниту сет. 

Критиките можат да бидат добродојдени за нашите одбојкари и пред се федерацијата од каде најавија длабока анализа за одиграното во Тампере каде доживеавме пет порази со само два освоени сета. 

Можеби некој во наредните денови  ќе одговори  и зошто беше смената на успешниот селектор Матијашевиќ во предвечерјето на првенството.  Не дека Македонија има голем избор на одбојкари па ќе правевме чуда.  Федерацијата овојпат мора да има убедливи одговори бидејќи не чека следното ЕП на кое ќе бидеме кодомаќини. 

Како и да е ваквите првенства се добродојдени за да се извлечат искуства но и да се промовираат млади одбојкари. За жал во Македонија ги нема многу бидејќи бројот на клубови е скромен. Очигледно е дека во овој спорт со малку поголеми вложувања можеме многу повеќе на меѓународната сцена. Знаеме дека и самото учество е успех но верувајте публиката сака да види и поголемо залагање, пожртвуваност па и по некоја победа на големите натпреварувања.  Сега е моментот одбојката да се крене и од импровизација да стане посакуван спорт од младите кои засега повеќе се палат на кошарка и ракомет.