Спорт плус
6. September 2021 - 19:55

ЕП: Македонските одбојкари поразени и од Шпанија

Последната шанса за победа на ЕП  за Македонската одбојкарска репрезентација падна во вода откако на  првенството во Финска избраниците на селекторот Николиќ се поразени во четири сета од Шпанија 
Двете селекции на стартот беа израмнети. По водството од 3 поени се дојде до  21:20 и потоа до крајот на сетот успеаја да одиграат многу подобро во нападот и да стигнат до 25:23 и да поведат со 1:0.
Во вториот сет со влегувањето на Деспотовски значително се подобри играта во нашиот напад.. Ние стигнавме до 21:20, а потоа и до серија од 4:0 за израмнување на 1:1.
Третиот сет го имавме во рака. Одигравме одлично, во завршницата, откако Шпанците водеа со 16:11. Стигнавме први до две сет-топки на 24:22, но не успеавме да ги претвориме во освојување на сетот. Шпанците израмнија на 24:24, и по неколку промени во освоените поени, тие први стигнаа до плус 2 и 30:28 за предност од 2:1.
Четвртиот сет го почнавме очајно. Шпанија водеше со 5 поени  и го освои .
Никола Ѓорѓиев го одигра својот најдобар меч на ова ЕП и заврши со 22 поени, додека Ваљена со 23 поени беше најдобра кај Шпанците