Македонија
21. јуни 2020 - 13:09

Емотивна фотографија сподели новинарката Бранка Костиќ Марковиќ од нејзината мајка која ја чека да оздрави

Новинарката, музичка критичарка и публицист Бранка Костиќ Марковиќ, пред повеќе од една недела објави дека е позитивна на коронавирусот и моментално се наоѓа во домашна изолација.

Таа сега објави и емотивна фотографија на својот Фејсбук профил на која се гледа нејзината мајка како седи пред нејзиниот дом и преку прозорец разговара со неа. 

„Мајка”, кратко и јасно напишала Бранка под фотографијата која масовно се споделува на социјалните мрежи.

„Мајка ми и татко ми доаѓаат наизменично секој ден до мојот дом и преку прозорецот сакаат да ме видат и така лично да се уверат дека сум добро, без разлика што постојано се слушаме преку телефон или, пак, ме гледаат преку видео повик на Вибер. Мајка ми поседе 15-тина минути пред прозорецот на мојот дом. Се увери дека сум добро”, вели Бранка за „Досие”.

Таа секојдневно ги известува своите следбеници на социјалните мрежи за нејзината здравствена состојба и споделува информации како го издржува фактот што е позитивна на коронавирусот и што е во домашна изолација.