ЕМА: Да не се користи ивермектин за лекување на Ковид-19
Лекот ивермектин не треба да се користи за лекување на ковид-19 надвор од клиничките испитувања, порача Европската агенција за лекови (ЕМА).
Како што пишува весникот Гардијан, повеќе месеци ивермектинот се посочува како чудотворен лек.
ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на ковид-19 и заклучиле дека дополнителните податоци не ја поддржуваат неговата употреба против коронавирусот надвор од клиничките испитувања.
Агенцијата со седиште во Амстердам соопшти дека не добила документи со кои се одобрува употреба на лекот, кој долго време се користи за лекување на некои паразити, вклучително и вошки.
Според ЕМА, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот. Лабораториските тестови откриле дека лекот може да ја блокира репликацијата на вирусот кој предизвикува ковид-19, но со многу повисока концентрација на ивермектин. Токсичните последици од тие повисоки дози не можат да се исклучат, додава Агенцијата.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново