-->
-->
Елмас: Сакам да ја минеме оваа фаза
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години од утре (среда) ќе настапува на квалификациски турнир што ќе се игра во Скопје. Покрај Македонија настапуваат уште селекциите на: Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн.
Прв играч на оваа селекција предводена од селекторот Вујадин Станојковиќ е играчот на турски Фенербахче, Елиф Елмас:
- Најмалку е важно за која репрезентација на Македонија ќе играм. Каде ќе одлучат селекторите, таму јас ќе играм. Сакам да бидам дел од репрезентацијата. Сега сум со оваа селекција (У_19) и сакаме да минеме во следната фаза.
Селекторот Станојковиќ по одработениот последен тренинг потенцираше:
- Очекувам подготвени да тргнеме во дуелот со Швајцарија кој е прв според распоредот. Се работи за квалитетен ривал, но тоа нас не не оптеретува.
Покрај Елмас во оваа селекција има уште неколку квалитетни имиња како Дарко Чурлинов, Јани Атанасов, кои биле дел и од А репрезентацијата на Македонија.
Првиот натпревар Македонија У_19 го игра утре од 13.00 часот против Швајцарија. Вториот дуел е на 11 ноември против Белгија (13.00 часот), додека во третиот дуел ривал ќе ни биде Лихтенштајн. Сите натпревари нашата селекција ќе ги игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ: Брисел да се вклучи во истрагата за пожарот
-
Мјанмар спроведува итна крводарителна акција поради големиот број повредени во земјотресот
-
Ирвинг успешно опериран
-
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста
-
Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
-
Кривична пријава за правно лице од Општина Босилово за даночно затајување
-
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар
-
МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода