Ел Паис: Шпанија со вето поради Косово
Шпанија ставила вето на нацрт декларацијата за Самитот ЕУ-Зпаден Балкан во Софија бидејќи премиерот Маријано Рахој не сака неговиот потпис да се најде на документ заедно со потписот на косовскиот премиер, објави „Ел Паис“.
Според весникот, причината „не е само политика“, туку и тоа што Маријано Рахој не сака неговото име и потпис да бидат на ист документ на исто ниво со потписот на претставникот на Косово, чија независност не ја признава Шпанија.
Шпанскиот весник наведуа дека за таа информација добил потврда од повеќе извори, и дека Рахој најверојатно ќе ја напушти Софија и самитот пред да почне состанокиот.
На Самитот ќе бидат највисоки претставници на Србија, Црна Гора, Албанија, Македониоја, БиХ и Косово.
Рахој ќе биде присутен само ден претходно, за време на работна вечера заедно со останатите лидери на држави членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември