Балкан
7. February 2024 - 12:05

Експлозија во воена фабрика во Србија, има повредени

Во воената фабрика „Милан Благојевиќ“ во Лучани, Србија, утрово дошло до пожар и експлозија во еден од погоните, пишува „Нова.рс“.

Според информациите, пет лица се повредени и хоспитализирани во Чачак.

Од фабриката се уште се извива густ црн чад, а пристигнале пет возила на брза помош.