-->
-->
Експлозија на плинска боца во делчевското село Тработивиште
-->
Делчевските пожарникари денеска спречија поголемо опожарување на семејна куќа при експлозија на боца во делчевското село Тработивиште. Од Територијалната противпожарна единица Делчево информираа дека при експлозијата не е предизивикана посериозна штета.
-Денес околу 7:30 часот имавме имавме интевренција по експлозија на плинска боца во семејна куќа во село Тработивиште. Експлозијата беше од помал размер што придонесе релативно за брзо време да го локализираме пламенот што зафати една соба, но за среќа не се прошири во останатите делови од куќата. Во акцијата учествуваа двајца пожарникари со едно возило, соопштија од ТППЕ Делчево.
Во пожарот, како што информираа, едно лице се здобило со изгореници од полесен вид.
При несреќата настанала мала материјална штета, односно опожарување на дел од столаријата во внатрешниот дел од објектот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка