Експлозија на бомба во близина на полициска станица во Турција
Силна експлозија одекна денеска во близина на полициска станица во јужниот турски град Адана.
При експлозијата, што се случила околу 19.10 часот по локално време (17.10 по средноевропско време), нема жртви.
Според турскиот весник „Милиет“, експлозијата била предизвикана од од т.н. звучна бомба, која ја фрлиле „две лица на возраст од околу 13 години со маски на лицата“, кои веднаш побегнале.
Веднаш по експлозијата, на местото на настанот пристигнале полициски екипи, кои утврдиле дека таа е предизвикана од звучна бомба.
Од експлозијата се искршени прозорците на една куќа.
- Претпоставуваме дека станува збор за рачно изработена бомба. Истрагата продолжува, изјави шефот на полицијата во Адана, Селами Јилдиз за агенцијата Анадолија.
Во тек е потрага на турската полиција по лицата кои ја фрлиле бомбата.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток