Прв случај на метапневмовирус во Грција, надлежните смируваат дека нема простор за паника
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран, додека пак според грчките епидемиолози и министерот за здравство, нема простор за паника, бидејќи како што објаснуваат, станува збор за вирус познат над 20 години, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчките медиуми објавија дека мажот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор, каде што во моментов постои епидемија на метапневмовирусот.
Во интервју за грчката телевизија „Антена“ министерот за здравство Адонис Георгиадис рече дека „не постои никаква причина за загриженост“, бидејќи станува збор за познат вирус, но и објасни дека побарале темелна анализа на потврдениот случај за да видат дали можеби станува збор за сој што не е познат или дали има некои опасни карактеристики.
-Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше Ковид во 2019 година, кога започна од Кина. Станува збор за познат вирус кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет, објасни Георгиадис.
Професорот по епидемиологија на Медицинскиот факултет во Атина, Гикас Мајоркинис за државната телевизија ЕРТ посочи дека метапневмовирусот е „вирус за кој знаеме најмалку од 2001 година и за кој студиите покажаа дека кај луѓето постои со децении“ и дека засега, не е особено опасен, „иако може да одведе многу деца, како и луѓе кои припаѓаат на високоризични групи, во болница“.
– Една студија покажа дека антителата за вирусот се откриени од 1958 година. Исто така, истражувањата покажаа дека во Холандија биле заразени сите деца до петгодишна возраст, што значи дека тоа е вирус што веројатно сите сме го фатиле кога сме биле мали и не е нешто ново, посочи Мајоркинис.
Професорот објасни дека не постои вакцина или специфичен третман за ХМПВ, бидејќи се смета дека предизвикува релативно блага респираторна инфекција и не станува збор за сериозен вирус.
Коментирајќи ја загриженоста што постои поради случаите во Кина, истакна дека непотребно зазема големи размери и создава паника бидејќи „врз основа на податоците што постојат, најверојатно станува збор за „hype“ на социјалните мрежи, без да има вистинска основа“.
Ново на Сител
-
Татко насилно се однесувал кон својата 11-годишна ќерка, го снимал настанот и објавил на социјални мрежи
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак
-
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван