Македонија
17. December 2019 - 16:38

Експлозија и пожар во „Киро Дандаро“

Синоќа околу 22 часот се случила експлозија во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола по што избувнал пожар. После добивањето на дојавата во 20 минути после 22 часот, битолската пожарна интервенирала веднаш со две возила и шест пожарникари. Пожарот за многу кратко време бил изгаснат, а од печатницата велат дека е причинета незначителна материјална штета, опожарена била отпадна хартија. Краток спој на електричната инсталација ја предизвикало експлозијата на буре со течност која ја користи печатницата во производството.

-Затекнато беше во еден од магацините гореше мала површина, отпадоци, каде што веднаш беше изгаснато, потоа се утврди дека причината за сето тоа е експлозија на хемикалија. Поради тоа што нашата работа беше завршена, единицата во 23:10 часот се повлече во базата. Менаџментот на печатницата кога единицата беше пристигната, веќе се обидувале да го изгаснат пожарот, со апарти, црева, што е позитивна страна во целиот случај, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола.

Од битолската полиција велат дека нема повредени во пожарот. Инаку во печатницата „Киро Дандаро“ се печати изборниот материјал.