Експерти гледаат вмешаност на САД во обидот за пуч во Турција
Обидот за преврат во Турција на 15 јули не поминал без барем делумна улога на директорот на ЦИА, Џон Бренан, смета Лоренс Вилкерсон, началник на кабинетот на поранешниот американски државен секретар Колин Пауел, пишува весникот „Јени шафак“.
- Според мене нема сомнеж дека Џон Бренан и другите имале информации за тоа што се случувало во Турција, рече Вилкерсон.
- Ние или сме биле внатре и сме давале совети за конкретни операции, што понекогаш е случај или сме биле внатре, мошне енергично влиаејќи на сето тоа или сме биле некаде во средината, рече тој.
Според Вилкерсон, САД уште одамна ги институционализирале превратите како стандардно политичко и воени средство за отстранување на проблематични влади, кои претставуваат закана за американските интереси.
Во меѓувреме поранешниот генерален директор на катарската телевизија Ал Џазира, Вадах Ханфар исто така смета дека не е можно САД претходно да не знаеле за воениот пуч во Турција.
- Токлку голем преврат не е можно да се спроведе без да се консултираат или информираат САД, рече Ханфар.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис