Македонија
2. December 2023 - 16:33

Експерти: Без членство во ЕУ, нема гаранција за безбедноста на Западен Балкан

Без членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, нема ни гаранција за безбедноста во Европа. Ова е пораката која денеска ја испратија учесниците на регионалната конференција за придобивките по европската безбедност од проширувањето на унијата. Според првиот човек на полицијата, минимална е веројатноста од воена агресија врз државата, но незаинтересираноста на ЕУ дозволува зголем влез на влијание од истокот.

Војната во Украина, според финските претставници не е единствена закана по безбедноста на Европа. Потсетуваат дека не мируваат ниту состојбите на Косово, а влијание има и конфликтот меѓу Израел и Палестина. Сметаат дека се почесто, дијалогот се заменува со оружје.

Според експертите, моменталната состојба во поглед на бебедноста на континентот се повеќе наликува на студената војна, а таквото ривалство било видливо и на ОБСЕ самитот во Скопје.

Воените дејствија според учесниците на конференцијата, не се единствени кои ја загрозуваат безбедноста на Европа.. Дојавите за поставени бомби, нападот на интернет страници и лажните вести создавале страв, недоверба во институтуциите, а се доведувал во прашање и кредибилетот на државите.