Ексклузивно: Солзи во очите на Пресвета Богородица, мироточи икона во Трубарево
На социјалните мрежи протекоа првите фотографии од иконата на „Пресвета Богородица“ од црквата во Трубарево, која според зборовите на верниците од утрово почнала да мироточи. Иако МПЦ официјално не дозволува снимање и фотографирање, се додека не се утврди за што точно станува збор, верници успеале да направат фотографии од иконата и да ги објават на социјалните мрежи.
На нив се гледаат капки роса на лицето на „Пресвета Богородица“, кои и покрај тоа што неколкупати биле отстранувани со памук, тие во текот на целиот ден повторно се појавуваат.
Првичните анализи, што ги направиле теолози на МПЦ на иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево покажуваат дека станува збор на мироточење, дознава „религија.мк“.
Откако вчера веднаш по утринска литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена, свештеници и теолози на МПЦ кои извршиле анализи на иконата, првично потврдиле дека станува збор за „мироточење на иконата“, процес кој во црквата се нарекува чудо и кој не е непознат и често се случува во црквите.
Црквата која беше затворена се додека не беа направени првичните анализи, сега е отворена, но само за верниците. МПЦ не дозволува снимање и фотографирање на иконата.
Иако иконата ја анализирале лица од кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан сепак се чека и негова посета на црквата, по што МПЦ ќе излезе и со официјален став.
ФОТО: ФЕЈСБУК
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата