Македонија
13. November 2015 - 8:19

Економска соработка на Ресен, Корча и Пустец

Меморандум за економска соработка на пограничните општини Ресен, Корча и Пустец ќе потпишат денеска градоначалниците Ѓоко Стрезовски, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко.

Со меморандумот ќе се регулира воспоставување поблиска економска соработка на трите општини и бизнис секторот во прекуграничниот регион што треба да придонесе за забрзан економски развој на локалните заедници.

На потпишувањето на меморандумот во Ресен ќе присуствуваат и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Стојан Карајанов и префектот на областа Корча Ардит Кономи, како и бизнис делегации од македонска и албанска страна, кои наскоро треба да формираат мешовити економски комисии за регулирање и спроведување на економската соработка на пограничните општини Ресен, Корча и Пустец.

По потпишувањето, предвидено е бизнис делегацијата од Албанија да ги посети фабриката „Свислион Агроплод Ресен“ и откупно дистрибутивниот центар на „Епл Ленд“.