Македонија
8. July 2022 - 16:50

ЕК: Македонија има право за суверена одлука по францускиот предлог

Брисел со внимание го следи консултативниот процес кој се води во врска со  францускиот предлог, но потенцира дека  конечната одлука е во рацете на Македонија.

- И експертската јавност ги охрабрува консултациите во Собранието  за преговарачката рамка. Потребно е да им се даде простор на пратениците  за рационална дискусија, бидејки токму тие треба да го направат првиот чекор , промената на Уставот за да се отвори суштински преговарачкиот процес, вели Кацараска од Институтот за европски политики.  

Таа не исклучува и  можноста граганите на рефрендум да се изјасната за предлогот, но тоа, потенцира би бил макотрпен и долг процес.

Аналитичарите, како  и целата јавност се уште чекаат да се објави протоколот и записниците за да се направи вистинска проценка на предлогот,  што во моментов продуцира различни толкувања и многу недоумици, велат од ЕПИ.

Едно сепак е јасно, предлогот е на маса, а кога и дали воопшто е можен нов, е тешко да се предвиди.