-->
-->
ЕХФ ЕУРО 2018: Данска и Франција ќе патуваат за Хрватска
-->
– Репрезентациите на Данска и на Франција со победите на гостински терен обезбедија пласман на Европското првенство во Хрватска што ќе се одржи во јануари 2018 година. Данска ја победи Холандија, а светскиот првак Франција минимално славеше над Литванија.
Резултати на натпреварите од 5.коло: Холандија – Данска 24:36 (група 1), Србија – Полска 34:34 (група 2), Босна и Херцеговина – Шпанија 19:25 и Финска – Австрија 36:39 (група 3), Чешка – Исланд 27:24 (група 4), Португалија – Германија 26:29 и Швајцарија – Словенија 20:33 (група 5), Црна Гора – Шведска 28:24 и Словачка – Русија 24:25 (група 6), Литванија – Франција25:26 и Белгија – Норвешка 27:43 (група 7).
Денеска играат: Украина – Македонија (група 4), Летонија – Унгарија (група 1) и Романија – Белорусија (група 2).
Табела група 1: Данска 9 бодови, Унгарија 5, Холандија 4, Летонија 0.
Табела група 2: Србија 7, Белорусија 5, Романија 4, Полска 2.
Табела група 3: Шпанија 10, Босна и Херцеговина 4, Австрија 4, Финска 2.
Табела група 4: Чешка 6, Македонија 4, Исланд 4, Украина 4.
Табела група 5: Германија 10, Словенија 5, Португалија 5, Швајцарија 0.
Табела група 6: Шведска 8, Црна Гора 6, Русија 4, Словачка 2.
Табела група 7: Франција 8, Норвешка 6, Литванија 6, Белгија 0.
Пласман на Европското првенство досега имаат изборено: Германија, Шпанија, Шведска, Франција и Данска и Хрватска како домаќин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден