-->
-->
Едукативнo-интерактивна работилница „Консумирај безбедна храна, добиј половина здравје“
-->

Во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје денеска ќе се одржи едукативнo-интерактивна работилница на тема „Консумирај безбедна храна, добиј половина здравје“. Едукатор и предавач на работилницата ќе биде Моника Стојанова, магистер во областа квалитет и безбедност на храна.
Целта на ова предавање, како што велат организаторите, е да се запознаат и едуцираат младите во правилниот избор на храната, колку внимаваме на безбедноста на производите кои секојдневно ги консумираме? Што значи безбеден производ и како да го препознаеме? Кои се најчестите грешки кои ги правиме при подготвувањето на нашите оброци со што ја загрозуваме нивната безбедност? Кои се најчестите митови и вистини кога се говори за бебедноста на храната? Кои се придобивките од консумирањето безбедни производи и како храната која навидум изгледа одлично и вкусно може да го наруши нашето здравје?
Ова е прва, од циклусот работилници кои во периодот што следува ќе бидат организирани на тема квалитетна и безбедна храна за сите потрошувачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - најголема еко-акција досега
-

Македонија увезува лубеници иако ги има и за извоз
-

Трамп со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша документ за вештачката интелигенција
-

Денеска се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
-

Сончево и топло со температури до 26 степени
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
