Македонија
31. October 2015 - 8:46

Едукативна работилница „е-ENGAGEMENT“

Младинскиот сојуз со поддршка на фондацијат е-Македонија денеска во Струга ќе ја одржи осмата едукативна работилница од проектот „е-ENGAGEMENT“.

На работилицата ќе се дискутира со младите за актуелни прашања и проблеми кои ги засегаат и со помош на дигитални алатки ќе ги фасцилитаат до нивно надминување или подобрување.

Проектот „е-ENGAGEMENT“ ќе се реализира во 12 градови низ Македонија. На крајот од проектот најмотивираните и најактивните млади на завршна конференција во Скопје ќе ги изнесат заклучоците и препораките.