Македонија
2. September 2016 - 12:53

Едно лице тешко повредено во железничка несреќа кај Кадрифаково

Вчера околу 20.25 часот на патниот премин преку железничка пруга Кочани-Скопје, на локалниот пат с.Ерџелија- с.Кадрифаково, се случила железничка незгода во која моторна гарнитура сопственост на „Македонски Железници“ АД-Скопје удрила во патничко моторно возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (40) од Штип.
 
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил возачот на патничкото возило  и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип.
 
Во периодот од 20.25 до 23.10 часот, за време на увидот од екипа на ПС Свети Николе, железничкиот сообраќај бил во прекин.