Едно лице осомничено дека пукало во човекот пронајден мртов во бунар во Добрашане
Едно лице е осомничено дека пукало во човекот чие тело е пронајдено во бунар во село Добрашане, а на кое била видлива прострелна рана на десната слепоочница.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид на место во близина на црквата „Света Мина“ во село Добрашане, каде во бунар кој се наоѓа во борова шума е пронајдено безживотно тело, соопшти обвинителството.
Во координација со Министерството за внатрешни работи, нуркачи го извадиле телото на кое била видлива прострелна рана на десната слепоочница. На местото се пронајдени траги од крв и една чаура, се наведува во соопштението.
Лицето е идентификувано и се водело како исчезнато неколку дена. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и наредба за вештачење на материјалните траги пронајдени на местото на настанот.
За случајот е осомничено едно лице, кое е задржано во полициска станица, а нареден е претрес на неговиот дом.
Ново на Сител
-
КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел, но не дозволивме
-
Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев поранешен Началник на Генералштабот на Армијата
-
ДУИ: Деца Албанци на културен настан во Челопек носеле униформи кои ја симболизираат историјата на албанскиот народ
-
Шолц во посета на Киев
-
Десетици загинати во судирите меѓу ривалските навивачи на фудбалски натпревар во Гвинеја
-
Хамилтон му се извини на Мерцедес за грешките во Катар
-
Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Бове, изгуби свест на натпреварот против Интер
-
Продолжува црната серија на Манчестер Сити, пораз за „Граѓаните“ во дербито со Ливерпул