Една недела по трагедијата во Белград учениците од „Владислав Рибникар“ се враќаат на училиште
Една недела по трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога момче уби 8 ученици и чувар, а повреди уште шест деца и еден наставник учениците се враќаат на училиште.
Наместо редовна настава на децата денеска ќе им се обезбеди поддршка и отворен разговор. Советот на родители на основното училиште каде се случи трагедијата пак утрово упатија седум барања до надлежните државни органи со кои меѓу другото бараат да се направи реконструкција на случајот со цел да се утврдат сите факти.
Истовремено српските медиуми информираа дека утрово е уапсен Радослав Блажиќ, таткото на 21 годишниот Урош Блажиќ кој уби 8 а рани 6 лица во Малденовац. Тој се товари за кривично дело „недозволено изработување и држење оружје и експлозивни направи“ и поради тоа му е одреден 48 часовен притвор.
Во меѓувреме српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика граѓаните на најмасовниот собир во Србија. Причина за ова според Вучиќ се обидите на опозициските партии на брутален начин да ги злоупотребат трагедиите кои ја погодиле Србија и преку организирање на протести насилно да ја презермат власта.
Во понеделникот ден по завршување на тридневната жалост во Белград и во други поголеми градови во Србија беа организирани бројни протести под мотото „Србија против насилството“. Организатори беа опозициските партии во земјата.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар