Македонија
11. April 2020 - 15:15

Единствена Македонија: Скандал е за време на кризата власта да финансира од буџетот дури три албански универзитети

Во ова тешко време со коронавирусот кое досега одзеде 30 животи, а преку 100.000 луѓе останаа без работа, владата на СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со буџетски пари за финансирање на албанските универзитети во Македонија.

Пред два дена, власта на СДСМ му додели буџетски пари на Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. Но, власта од буџетот исто така ги финансира и Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“.

Потсетуваме, своевремено албанското малцинство во државата бараше еден, а марионетските власти во Скопје низ годините им дадоа дури три универзитети на албанците финансирани од народни пари од буџетот.

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ најостро ја осудува оваа неприродна и недозволива состојба во која дури три државни универзитети на албанското малцинство се луксузираат врз грбот на македонските државни обврзници.

Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ќе го преиспита ваквото работење, одговорност мора да има.