-->
-->
Единствена Македонија: Џафери повика на војна, мора пак да се пресметаме со радикалните Албанци
-->

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, на итна и вонредна седница ја разгледал новонастанатата состојба со Законот за употреба на јазиците.
На седницата на Централниот комитет било заклучено дека, како што се вели во соопштението, вчерашното насилно и противуставно воведување на јазична федерализација во државата, како преодна етапа до територијална федерализација, претставува отворен повик од Талат Џафери за војна.
„Прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.
Вчерашното заигрување со оган од страна на Талат Џафери само ни ја олеснува работата во повторната пресметка со радикалните Албанци, бидејќи, Македонците се при крај со своето трпение од активностите на екс-припадниците на ОНА на антимакедонска основа, но овојпат нема да си имаат работа со политичките сценарија и предавничките македонски политичари од 2001, туку, овојпат ќе си имаат работа со македонскиот народ“, пишува Единствена Македонија во соопштението.
Четвртиот заклучок е дека „Талат Џафери, кој, според документ на УБК, е вмешан во масакрот на македонските бранители кај Вејце, вчера, на најдиректен начин го нападна уставниот поредок на Република Македонија, и оттука, своевидната објава на нова војна од Талат Џафери се става највисоко на агендата на Единствена Македонија и македонскиот народ.
Во партијата уште заклучиле дека „новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги поништи сите антимакедонски и антидржавни акти со кои се рушат Македонија и Македонците“.
mkd.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
