Единаесет нови случаи на коронавирус во Тиквешко, заболена и една наставничка
Единаесет нови случаи на коронавирус се потврдени во Тиквешко во изминатите 24 часа, заболена е и една наставничка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Девет од новозаболените лица се од Кавадарци, а по едно од Неготино и Демир Капија.
-Изолирани се една наставничка и 16 ученици, ќе биде извршена дезинфекција во училиштето. Едно 53 годишно лице од Демир Капија е хоспитализирано во Велес, рече Јовановски.
Сите новозаболени, од двата пола, биле со симптоми. Двајца од нив претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19.
Од почеток на пандемијата досега, во Кавадарци заболеа 260 лица. Во Росоман и Демир Капија по 13, Неготино 53 лица. Се утврдуваат контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман