Свет
18. May 2017 - 20:55

Еден загинат кога возило со голема брзина влета во група пешаци во Њујорк

Најмалку едно лице загина, а десетина други се повредени денеска кога возило што се движело со голема брзина удрило во група пешаци на плоштадот „Тајмс Сквер“ во центарот на Њујорк.

Според очевидци на настанот, возилото намерно удрило во пешаците.

Веднаш по инцидентот, американската полиција го блокираше реонот околу „Тајмс Сквер“.