Свет
4. August 2017 - 9:10

Еден војник на НАТО загина во самоубиствен напад во Авганистан

Еден војник на меѓународната коалиција загина при самоубиствен напад во Авганистан, а петмина негови колеги и преведувач се повредени, соопштени Северноатлантската алијанса.

Нападот е извршен на околу 50 километри северно од Кабул, во близина на американската база Баграм.

НАТО не ја открива националноста на загинатиот војник и на повредените, кои се хоспитализирани и нивната состојба е стабилна.

Италијанската невладина организација „Имрџанси“ на Твитер објави дека во болница во Кабул се доведени 12 повредени лица, кои најверојатно се цивили и настрадале при нападот.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои тврдат дека повредиле и убиле вкупно 11 лица.