Еден починат и тројца тешко повредени откако со автомобил паднале во реката Пена
На 18.07.2020 во 23.00 часот пред угостителски објект на локален пат Тетово-Бањиче патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ш.Г.(32) од с.Лисец излетало од патот во коритото на река Пена. Во незгодата од здобиените повреди на лице место починала сопатничката М.К.(44) од Тетово, а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош. По незгодата со возило на итна медицинска помош, Ш.Г. и сопатниците Ш.К.(19) од Тетово кај која од доктор се констатирани тешки телесни повреди и Б.Е.(34) од Гостивар се пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е пренесено во Клиничката болница во Тетово - Оддел за Судска Медицина за да се изврши надворешен преглед од доктор.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
