ЕЦБ меѓу адресите на писмата бомби од Атина
Европската централна банка и двајца високи европски функционери за финансиски прашања се меѓу оние на кои се адресирани писма со експлозивна материја, пронајдени во поштенски огранок во Атина, јави ТАСС.
Меѓу адресираните се претседатеот на Еврогрупата Јерун Дејселблум и претседателот на Европскиот стабиолизациски механизам, Клаус Реглинг, како и регионалната канцеларија на ЕЦБ.
Трите институции учестуваат во финаниската програма за помагање на Грција.
Опасните пратки биле наметени за осум различни земји, прецизира извор од службите за безбедност.
Осум писма со смеса беа пронајдени во понеделникот во Атина. Слична содржина имаше и ковертот, кој мината недела пристигна во германското Министерство за финансии, адресиран до министерот Волфганг Шојбле. Пратката беше причина за евакуација на луѓето од зградата.
Еден ден подоцна сличен коверт беше доставен и во париското претставништво на Меѓународниот монетарен фонд. Пакетот експлодира во раце на вработена во органзиацијата, која се здоби со изгореници по рацете и лицето.
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот