ДЗС: Стапката на сиромаштија во 2015 изнесувала 21,5 отсто
Стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2015 година изнесувала 21,5%, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Како што се наведува, тоа го покажуваат конечните пресметки за Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2015 година добиени годинава од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
- Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,9%. Според најфреквентниот статус на економска
активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,3%.
Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,7%, што претставува намалување во однос на 2014 година кога овој коефициент изнесувал 35,2 отсто, и во однос на 2013-та кога бил 37 проценти.
Ново на Сител
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег