-->
-->
ДЗС исфрли 35 тони вода на пожарот кај Липково
-->
Дирекцијата за заштита и спасување денеска со два авиони исфрли 35 тони вода на пожарот во близина на селата Матејче и Никуштак во општина Липково.
Од ДЗС заклучуваат дека состојбата со пожарите во државава е алармантна и дека и покрај апелите за агилност на инспекциските и копнените служби задолжени за водење превенција и контрола, ситуацијата не се смирува.
– Пожари во овој период од годината не се паметат последниве децении, се вели во соопштението од ДЗС.
Од ДЗС повикуваат за крајна совесност кај населението и веднаш да се престане со палење на ливади, трева и стрништа додека не настане катастрофа од огромен размер, која би вклучила и човечки жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари