ДЗР: Пари за лекови само за 15 пациенти а пријавени 140
Клиниката за детски болести обезбедила околу 2,9 милиони евра , износ кој е доволен за набавка на терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза додека, согласно приложената документација, во земјава се регистрирани меѓу 130 и 140 пациенти, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија за финансиското работење на оваа болница за 2022 година.
„Со извршената ревизија се констатирани состојби и неусогласености од различна природа кои влијаат на изразување на мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година“, стои во извештајот на ревизорите.
Во извештајот на ДЗР се нотира и недоследно почитување на Законот за јавни набавки во дел од постапките што влијае на конкуренцијата и економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски