Џорџ Буш постариот хоспитализиран во болница во Тексас

Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот е примен во болница во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас, јави телевизијата КХОУ11.
Информацијата ја потврди и шефицата на неговиот Кабинет, Џин Бекер, која изјави дека, според лекарите, 92-годишниот Буш постариот е во стабилна здравствена состојба.
- Се е в ред, изјави Бекер, додавајќи оти се надева дека Буш постариот за неколку дена ќе биде отпуштен од болница и ќе се врати во својот дом.
Бекер не ги соопшти причините поради кои поранешниот американски претседател завршил во болница.
Буш постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година, во последниве неколку години имаше чести проблеми со здравјето и неколку пати беше хоспитализиран. Во 2015 години тој падна во неговиот дом и скрши пршлен.
Неодамна Буш постариот соопшти дека нема да биде во можност да присуствува на церемонијата на инаугурација на новиот американски претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи в петок во Вашингтон.
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
