Џони Деп по скандалот со Амбер Херд изгледа очајно
Обвинувањата дека ја тепал неговата поранешна сопруга Амбер, кои го предизвикаа еден од најтешките скандали во неговата долгогодишна кариера, очигледно тешко го погодија актерот Џони Деп.
Иако и натаму настапува со својот бенд „Hollywood Vampires“, а го даде и првото интервју по избивањето на скандалот, неговиот изглед предизвикува сериозно се загриженост кај фановите.
Деп во последното интервјуто, како и во претходните, не споменува ништо за приватниот животт, само вели дека во последните неколку недели е свртен кон „неговата голема љубов од детството - музиката“.
- Јас свирам од своите 12 години, а на 13 веќе настапував по клубовите на Мајами, откри актерот, кој во музиката очигледно пронаоѓа засолниште од секојдневието.
Но, фановите се прашуваат дали тоа е доволно, затоа што на неговите фотографии изгледа уморно и ослабено.
На страната на Деп во целата приказна со Амбер оваа недела застана и неговата поранешна девојка Винона Рајдер, која призна дека вестите за „агресивното однесување“ на Џони ја шокирале, затоа што во текот на нивната четиригодишна врска кон неа бил „прекрасен“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници