„Џипси меџик“ на Столе Попов го затвори филмскиот фестивал Нанси-Лорен
Филмот „Џипси меџик“ на Столе Попов синоќа ја затвори програмата на 22. Меѓународен филмски фестивал Нанси-Лорен. На проекцијата под отворено небо присуствуваа над 400 гледачи, а имаше уште стотина кои од безбедносни причини не можеа да присуствуаваат, јави дописникот на МИА.
Прикажувањето на филмот на Попов на годинашното издание беше предложено од почесниот гостин на фестивалот, познатиот актер Предраг Мики Манојловиќ, кој во овој филм ја игра улогата на Таип. Манојловиќ, чиј татко е роден во Нанси, го избра „Џипси меџик“ во својата селекција, како и доукментарниот филм „Равенка со една непозната“ направен за реазлизирањето на проектот „Ромео и Јулија“ во рамки на работилницата за интеграција,
„Џипси меџик“ повторно беше прикажан во Франција по триумфот на фестивалот во Монпелје во 1997 година. Прикажувањето на фестивалот во Нанси се реализираше во соработка со режисерот Попов, Кинотеката на Македонија и Агенцијата за филм на Македонија. За филмот повторно беше изработен превод на француски јазик. Мики Манојловиќ рече дека жали што Попов не присуствува на проекцијата и по неа долго одговараше на прашања на публиката.
Филмот на Столе Попов денеска повторно ќе биде прикажан во киното „Камео“ во Нанси, познато во цела Франција како поборник за квалитетни филмови со своите осум киносали.
На проекцијата и на свеченото прогласување на лауреатите во натпреваручкиот дел на фестивалот - европски документарен филм и интернационален краткометражен филм, присуствуваше и амбасадарот на Република Македонија при Советот на Европа, Петар Поп Арсов, кој во оваа пригода имаше и кратки средби со претставници на градот Нанси и на регионот Гранд Ест.
Според многумина, овој е „најмакедонскиот“ филмски фестивал во Европа зашто на фестивалското платно редовно се прикажуваат македонски филмови или копрудикции. Од 2013 година со фестивалот претседава македонско-францускиот новинар Тони Гламчевски, кој е дописник на Македонската информативна агенција и на Македонската радиотелевизија.
Годинава, покрај „Џипси меџик“ на Столе Попов, беше прикажан филмот „Лазар“ на Светозар Ристовски, во специјалната програма „Мигранти и бегалци“. Филмот на Ристовски беше поздравен од публиката и присутните професионални филмски работници, како филм кој отвора ново поглавје во македонската и балканската кинематографија. „Лазар“ беше единствениот долгометражен игран филм во оваа селекција посеветена на актуелни прашања.
Во престижната селекција „Под ѕвездите“ беше прикажан и филмот „Бабаи“ на Висар Морина, во кој Македонија е земја-копрудуцент.
Од 26 август до 4 септември на фестивалот беа прикажани 147 филмови од 39 земји. Фестивалот годинава беше фокусиран на германскиот и германофонскиот филм, Јужна Америка и околу темата за миграција и бегалци.
Во селекцијата на кратки филмови се натпреваруваа 28 филмови, 9 документарци беа во официјалната наптпреварвачка селекција за европски документарен филм, а имаше и богат избор на филмови за најмладите од 3 до 15 години. Годинава фестивалот ја воведе и селекцијата на Големиот регион, односно источниот дел на Франција, Луксембург, Белгија и пограничните делови на Германија.
Интересно е дека на фестивалот беше прикажан и документарниот филм „Валентина“ на Фелдман, посветен на малата Валентина која живее со своето семејство во Шутка.
- Филмовите и фестивалите имаат тенденција да се огледало на реалноста, го поттикнуваат дијалогот ја прикажуваат траума, лутината, омразата и денешните предрасуди, истакна Тони Гламчевски, генерален делегат и претседател на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси во уводникот на каталагот.
Според Лорен Виц, оскаровец за анимираниот филм „Мр. Хубло“ и челн на жирито за краткометражен филм, фестивалот во Нанси го брани независниот филм, бара оригинални филмови, нови и изненадувачки. - Посветеноста и разновидноста се два важни лајтмотиви на настанот, вели Виц.
Ново на Сител
-
Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал
-
Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош